Компјутерот е корисна машина, меѓутоа човекот успеал да пронајде начин како да наштети, односно како да ја оневозможи неговата работа бидејќи компјутерот не разликува добри од лоши програми. Луѓето се досетиле да напишат и такви програми, што ќе им пречат на добрите програми при извршувањето или ќе ги оштетуваат датотеките на компјутерот. Тие програми се наречени компјутерски вируси.
Компјутерските вируси се кратки програми способни да влезат во меморијата, да се залепат за други програми или датотеки и да се активирааат при нивното извршување или да се пренесуваат заедно со нив.
Тоа се случува незабележително за корисниците на компјутерот и затоа се нарекуваат вируси(според биолошките вируси кои ја имаат истата способност на незабележливо пренесување).
Компјутерските вируси можат да се кријат во датотеките на дискот или на USB, CD, DVD и да се активираат при отворање на датотеките. Некои од нив се безопасни, а некои можат да предизвикаат оштетувања на програмскиот подсистем на компјутерот, најчесто на оперативниот систем и апликативните програми.
Постојат неколку илјади компјутерски вируси, со најразлични ефекти, како на пример: пингпонг топче одненадеш почнува да скока по екранот, компјутерот почнува да свири во точно одредено време во денот, екранот се брише и се појавува некоја порака, содржина на датотеката е претворена во неразбиливи знаци итн. Меѓутоа, постојат и вируси кои ги оштетуваат системските програми на дискот и такви кои можат да направат дури и механички оштетувања.
Компјутерските вируси ги има многу,а повеќето од нив имаат интересни имиња,како на пример:E1eCtr0n,Fellowship,Happy N Y.,W32/My doom.s@MM,Hymn,Huge,W32/Netsky.p@MM,Exploit-Mhtredir.gen,VBS/loveLetter@MM,Adware-Gator,W32/Pretty.worm,BackDoor-G,Worm,ExploreEmpire.Monkey ,Peterr II,Yankee Doodle,Stoned,Michelangelo итн.
Постојат повеќе типови вируси:
-Паразитски Вируси( анг.File-infecting viruses) се оние кои ги заразуваат извршните програми така што се лепат на крајот или на почетокот на програмата. При извршување на заразената програма вирусот се инсталира во меморијата и при извршување на други програми тој ги заразува лепејки се на нив. На тој начин се шири. Некои паразитски вируси ги заразуваат и програмите од дискот или од датотеката.
-Вируси на старниот сектор( анг.boot sector viruses) се такви вируси кои ја менуват содржината на стартниот сектор (boot sector) кај дискот или кај дискетата. Овие вируси сами се копираат во меморијата и остануваат резидентни се до исклучување на компјутерот и се манифестираат со различни ефекти. Најчесто ги заразуваат другите дискови и дискети.
Постојат и вириси кои ја менуваат соржината на главниот стартен запис кај дискот, познати под името вируси на главниот стартен запис (master boot record viruses).
-Макро вируси (анг.macro viruses) се вируси кои ги оштетуваат документите изработени со некоја апликативна програма,како Word и Excel. Овие документи поддржуваат мали Т.Н. макро програми за извршување на команди .Макро вирусите се напишани како макро програми и се активираат при уредување на документот.
-Кластер Вируси (анг.claster viruses) вршат измени во системот за управување со датотеките на дискот (data file system).Овие вируси прават илузија дека секоја апликација на дискот е заразена.
-Мултипартитни вируси(aнг.multipartite viruses) се вируси кои ги имаат својствата на паразитските вируси и вирусите на стартниот сектор.
-
Скриени (невидливи) вируси(анг.stealth viruses) се резидентни вируси во меморијата на компјутерот кои можат да направат невидливи измени на датотеките.
-Шеговити вируси(анг.joke viruses) не се вистински вируси,туку програми кои предизвикуваат иратирачко однесување , како на пример треперење на екранот или смечни пораки.
-Мрежни Вируси се јавуваат во компјутерските мрежи и го попречуваат нивното работење.Нај новите типови вируси се појавени при работа во Интернетот со електронска пошта и разговарање.Тие се наречени црви (worms),а се манифестираат така што се лепат на документите преатени по електронска пошта.Откако ќе се пренесат на друг компјутер,сами праќаат електорнски пораки на адресите кои ќе ги најдат во компјутерот, прилепувајќи својата копија.Можат да ги оштетат датореките ,дури и да ги избришат.
Горе наведените типови вируси имаат разни особини. Има вируси кои сами ја менуваат својата содржина при секое активирање Т.Н полиморфни вируси и тие тешко се откриваат .
Има и скриени вируси наречени тројански коњи или тројанци, кои се програми (или команди) што имитираат некои корисни програми,најчесто некои услужни програми или програми за надоградба на некои програмски пакети.При стартување на заразената програма,таа се извршува сосема поинаку.Овие вируси не се копираат сами себе како вистинските вируси,нитy се пренесуваат преку мрежите.Но можат да ги оштетат датотеките, дури у да ги избришат дискот.
Постојат и вируси наречени Логички бомби,Кои се вградени во некоја програма и се извршуваат само ако се исполнети одредени услови.На пример:точно одреден датум или време,во одредени месеци или саати,при постење на одредена датотрека и слично .При активирање на логичките бомби може да дојде до сериозни оштетувања како бришење на датотеките на цели дискови итн.Има многу познати логички бомби чие време на активирање е познато
Во светот секојдневно се појауваат неколку вируси.Заштитата од нив се врши со посебни анти-вирусни програми кои можат да ги пронајдат познатите вируси и да ги избришат .Понекогаш за да се отстрани најдениот вирус неопходно е да се избрише цела инфицирана датотека.
Познати Анти –вируси се : McAfee VirusScan,Kaspersky,Nod, Bit Defender,Zone alarm,Avira,AVG Norton , и други
Има и програми наречени вакцини кои остануваат во компујтерот цело време додека работи и постојано надгледуваа дали ќе наиде некој вирус,подговени да го уништат
Посебно треба да се внимава на компјуреските вируси при купување или набавка на софтвер кој не е оргинален.

